Нашата мисија
Ние сме компанија посветена на развивање на иновативни продукти и иновативни продукциски процеси кои ќе го подобрат животот на луѓето.
Го создадовме нашиот нов бренд на печки на пелети – Фаизен, за да му помогнеме на светот да се приклучи на еколошкиот, економичниот и поефикасен начин на греење користејчи ги нашите печки на пелети, притоа намалувајќи ги емитувањето на јаглероден диоксид, на трошоците за греење, како и максимално искористувајќи ја енергијата.
Историјата на компанијата започнува во 1948 година, како Раде Кончар- Загреб, најголемата компанија од областа на електричната индустрија од поранешна Југославија.
Компанијата помина низ процес на приватизација и трансформација, се дури во 2006 година не ја достигна својата сегашна форма како Раде Кончар- ТЕП. Денес, ние сме посветени на тоа да бидеме препознатливи како компанија која нуди продукти со висок квалитет.
Ние постојано работиме на истражување и развој на нови продукти, иновации во продукниот процес и во порцедурите за креирање на квалитетни продуктни решенија.
Ние нудиме целосни решенија за продукција и дистрибуција на електрична енергија како и индивидуални решенија кои одговараат на потребите на клиентите.
Ние започнавме со продукција на печки на пелети, бидејќи тие горат почисто, поефикасно и се толку моќни да загреваат модерни домови.
Вие можете да избрете од различните дизајнирани стилови и бои за да видите кој одговара на декорот во Вашиот дом.
Ние создадовме три серии на печки на пелети, и тоа: Воздух, Вода, Воздух & Вода.Нашите печки на пелети можат да ги покријат целосните резиденцијални потреби за топлина и вода и едноставно се интегрираат во постоечките системи за греење.

Стандарди
- ISO 9001 2015
- ISO 14001 2015
- BS OHSAS 18001:2007

Сертификати
- A+
- A++
- Test Reports

Важни награди
Контактирајте нè
Ако сте заинтересирани за соработка, пишете ни, би сакале да нè исконтактирате.
info@faizen.eu
+389 2 2402 481
3та Македонска Бригада, бр.52, 1000 Скопје, Северна Македонија
Ако сте заинтересирани за соработка, пишете ни, би сакале да нè исконтактирате.
s.dimiskovska@faizen.eu
+49(0)521 96759307
Falk Straße 9, 33602 Bielefeld, Германија